Стојаноски: Астарион ни гостува по тежок натпревар и само еден ден одмор, очекувам победа над струмичани

Голманот на Јуниор Кисела Вода, Александар Стојаноски, вели дека очекува утре неговата екипа да ја запише првата сезонска победа. Астраион имаше тежок натпревар со Струга, каде загубија со 28:30 и со еден ден одмор гостуваат кај Јуниор К.В. кој е максимално мотивиран за прва победа.

Александар Стојаноски, РК Јуниор Кисела Вода

“По подолга пауза повторно се игра првенствен натпревар. Имавме одличен натпревар со Струга, но неискуството ни пресуди и изгубивме. Астраион имаат неколку искусни играчи, но ни доаѓат после тежок натпревар со Струга и само еден ден пауза. Доста работевме за време на паузата за се што ни претстои и мислам дека сме доволно спремни да го истрчаме овој маратон од натпревари. Имаме мал проблем со главниот играч во одбраната кој е позитивен на Ковид-19, но имаме и други играчи кои се млади и желни за минутажа и докажување. Се надевам дека во петок конечно ќе ги добиеме првите бодови, вели Стојаноски.

Comments are closed.