Младеновски Марјан ќе ја дели правдата меѓу Беласица и Борец

Беласица во недела ќе биде домаќин на велешки Борец, во натпревар од 10. коло од ПМФЛ.

Младеновски Марјан од Скопје ќе ја дели правдата на мечот во Струмица, а негови помошници ќе бидат Димитријевиќ Дејан и Ицковски Филип од Скопје. За четврт судија на натпреварот одреден е Стојчевски Дарко, исто така од Скопје.

Струга Трим Лум - Беласица, 9. коло ПМФЛ

Савов Жанко од Скопје ќе биде делегат на натпреварот, додека контролор ќе биде Јакимовски Делчо, исто така од Скопје.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика.

Comments are closed.