Беласица домаќин на Борец

Беласица во недела ќе биде домаќин на Борец, во натпревар од 10. коло од Првата лига. Борец игра одлична сезона и со 15 бода е на четвртото место на табелата, бод помалку од третопласираната Македонија Ѓ.П. Беласица по 9. одиграни кола со еден бод е последна на табелата.

Беласица - Ренова, 8. коло ПМФЛ

Беласица на последните натпревари одигра одлични натпревари, со Ренова забележа реми дома, додека вчера ја елиминираше Брегалница во Купот и обезбедија четвртфинале.

Натпреварот се игра на “Благој Истатов” во Струмица со почеток од 14:30 часот.

Comments are closed.