Академија Пандев на дерби против Македонија Ѓ.П.

Фудбалерите на Академија Пандев во недела ќе гостуваат во Скопје, каде ќе одиграт тешко дерби против одличната Македонија Ѓ.П. во рамки на 10. коло од ПМФЛ.

Академија Пандев - Шкупи, 9. коло ПМФЛ

“Пандевци” со 7 бода се на делба на деветтата позиција, додека “лавовите” играат одлична сезона и со 16 бодови се на третото место на табелата.

Натпреварот е важен за двете екипи во борбата за место погоре на табелата, цел плен е мотив и кај едните и кај другите, што ќе понуди атрактивен и неизвесен натпревар, кој се игра во Скопје со почеток од 14:30 часот без присуство на публика.

Comments are closed.

Web