Продолжува Суперлигата, Астраион дома против Струга

По пауза од 1 месец продолжува Суперлигата на Македонија. Астраион на домашен терен ќе се соочи со “незгодната” Струга. Астраион забележа победа во 1. коло над Радовиш, додека во 2. коло загуби на гостувањето кај Тинекс Пролет. Струга во новата сезона одигра само еден натпревар и запиша победа над Јуниор Кисела Вода со 22:20 на домашен терен.

Тинекс Пролет - Астраион, 2. коло

Натпреварот се игра денес во спортската сала “Парк” во Струмица со почеток од 18:30 часот.

Comments are closed.

Web