Маркоски Марјан ќе ја дели правдата меѓу Академија Пандев и Вардар во Купот

Академија Пандев утре во Струмица ќе се соочи со Вардар во рамки на осминафилето од Купот на Македонија. Главен судија на овој натпревар ќе биде Маркоски Марјан од Охрид, додека негови помошници ќе бидат Смилкоски Марјан од Прилеп и Трпчевски Драган од Кавадарци. Четврт судија на натпреварот е Ецкоски Марјан од Охрид. Делегат на натпреварот ќе биде Шалев Тони од Кавадарци, а контролор Коцев Ванчо од Штип.
Работнички - Академија Пандев, 8. коло ПМФЛ

Натпреварот се игра со почеток од 14:30 часот без присуство на публика на трибините.

Comments are closed.