Беласица во Штип против Брегалница во 1/8 финале од Купот

Беласица утре ќе гостува во Штип, каде на Градскиот стадион ќе се судри со второлигашот Брегалница во рамки на осминафиналето од Купот на Македонија.

Беласица има катастрофален старт од новата сезона во Првата лига, каде на девет одиграни натпревари имаат освоено само еден бод. Во претходното коло Беласица беше далеку подобра од Росоман на гостински терен и се пласираше во осминафиналето од Купот.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Брегалница игра одлична сезона и со Тиквеш води тесна и тешка борба за првата позиција и враќање во Првата лига. Брегалница иако со целосен фокус е насочена кон првенството и враќањето во ПМФЛ, на утрешниот натпревар ќе биде благ фаворит за победа и пласман во следната рунда од Купот на Македонија.

Натпреварот се игра со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика.

Comments are closed.

Web