Академија Пандев утре против Вардар во 1/8 финалето од Купот

Академија Пандев утре на “Благој Истатов” го пречекува Вардар во рамки на осминафиналето од Купот на Македонија.

Интересен и возбудлив дуел во Струмица. “Пандевци” првата фаза од Купот ја скокнаа, додека Вардар одвај се спаси во пенал рулетот од второлигашот Вардар Форино дупи по изведување на 18 пенали.

 
Двете екипи имаат лош старт во првенството, а во меѓусебниот дуел од оваа сезона одигран во Струмица, Академија Пандев загуби со минимални 0:1 од Вардар, со гол кој што беше постигнат од пенал.

Натпреварот се игра утре со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика.

Comments are closed.

Web