Турново покажа моќ и со четири гола славеше над Спартмани

Хоризонт Турново има одличен старт во новата сезона од Третата лига – Исток. Фудбарите на Хоризонт и во 2. коло се “распукаа” и со 4:1 беа далеку подобри од Спартмани на “Кукуш”.

Хоризонт Турново - Спартмани, 2. коло ТМФЛ - Исток

По 2. одиграни кола, турновци се лидери на табелата во Третата лига – Исток со 6 бодови, два повеќе од второпласираната Брегалница од Делчево.

Во следното 3. коло Хоризонт Турново ќе гостува во Берово, каде ќе игра дерби натпревар против Малеш, додека Спартмани во Градско Балдовци ќе ја пречека Тиверија.

Comments are closed.