Во неизвесен натпревар Тиверија запиша победа над Раклиш

Тиверија во 2. коло од Третата лига – Исток запиша победа, откако на домашен терен, во неизвесен натпревар со 3:2 беше подобра од Раклиш.

За Тиверија е прва победа и први бодови, додека гостите од Радовиш го претрпеа вториот сезонски пораз.
Тиверија - Раклиш, 2. коло ТМФЛ - Исток

Во следното коло Тиверија ќе гостува во Градско Балдовци каде ќе се соочи со Спартмани, а Раклиш во Радовиш ќе биде домаќин на Работник Џумајлија од Лозово.

Comments are closed.