Во недела се игра 2. коло од Третата лига – Исток. Хоризонт во Турново ќе се соочи со Спартмани, во Струмица, Тиверија го чека Раклиш, додека на Градскиот стадион во Радовиш, ќе се игра дерби меѓу Детонит и Малеш.
Василево ја чека Брегалница од Делчево, Работник Џумајлија дома против Чешиново, додека во Свети Николе, Овче Поле ќе игра против новајлијата Карбинци.
Натпреварите се играат со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика.
Comments are closed.