Ставрев главен судија на мечот меѓу Струга ТЛ и Беласица

Беласица во недела ќе има тешко гостува во Струга, каде во рамки на 9. коло од ПМФЛ ќе се судри со Струга Трим Лум. Главен судија на овој меч ќе биде Александар Ставрев од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Костадинов Дејан и Василевски Даниел од Скопје. Четврт судија на овој меч во Струга, ќе биде Костенчев Никола од Скопје.

Вардар - Беласица, 7. коло ПМФЛ 3
Делегат на овој натпревар ќе биде Ибиши Сулејман од Тетово, а контролор ќе биде Николовски Зоран од Скопје.

Натпреварот се игра со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика. 

Comments are closed.