Во 2. коло од Третата лига – Исток, екипата на Хоризонт од Турново на “Кукуш” го чека Спартмани.
Двете екипи сезоната ја стартуваа со победа. Турновци со убедливи 1:6 го декласираше Раклиш на Градскиот стадион во Радовиш, додека Спартмани во Градско Балдовци со минимални 1:0 славеше над Детонит од Радовиш.
На “Кукуш”, фудбалерите на Хоризонт ќе истрчат како фаворити за победа.
Натпреварот се игра со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.
Comments are closed.