Предвидениот рестарт на ракометната Суперлига на Македонија се одлага поради Ковид-19. Првично беше планирано ракометот да се врати на 14 октомври со натпреварите од групата А каде што се натпреварува струмички Астраион, но истото ќе се случи на 21 октомври.
Што се однесува до групата Б, која беше ставена во мирување нешто подоцна, нејзиниот старт останува непроменет.
Comments are closed.