Турново најавува Втора лига, Спартмани со минимална победа, тежок пораз за Тиверија

Викендот се одигра 1. коло од Третата лига – Исток. Хоризонт од Турново ја запиша најубедливата победа на колото, откако во Радовиш со 1:6 го декласираше Раклиш. Турновци се наметнуваат како големи фаворити за првото место на табелата и влез во Втората лига. Спартмани во Градско Балдовци одигра одличен натпревар, и со минимални 1:0 беше подобар од радовишки Детонит. Струмичка Тиверија претрпе тежок пораз на гостувањето во Чешиново, каде новајлијата Чешиново беше подобра со 5:2.
Брегалница од Делчево која има амбиции за Втора лига, се “сопна” уште во првото коло на гостувањето во Карбинци, ремизираше со 1:1 со Карбинци. Малеш го доби дербито во Берово, каде со 2:1 беше подобар од Свети Николе.
 

Во следното коло повторно интересни и возбудливи третолигашки натпревари.

Хоризонт Турново на “Кукуш” го чека Спартмани, во Лозово новајлиите Работник Џумајлија и Чешиново ќе ги одмерат силите, Тиверија дома ќе игра со Раклиш, Овче Поле во Свети Николе го чека Карбинци, Василево на домашен терен ќе се соочи со Брегалница од Делчево, додека во Радовиш дерби меѓу Детонит и Малеш од Берово.

Сите натпревари се играат со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Comments are closed.