Селекторот Ангеловски го повика Дориев за натпреварот против Грузија в среда

Македонија во среда ја очекува дуел од 4. коло во Лигата на нациите, против Грузија. За натпреварот кој ќе биде тест пред баражот за пласман на ЕП следниот месец токму против Грузија, Ангеловски го засили составот.
Љупче Дориев - Шкендија 3

Нови имиња ќе бидат Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, капитенот на Вардар, Дарко Мицевски и дефанзивецот на Македонија ЃП, Томе Китановски. Македонската селекција добива двајца дебитанти, бидејќи Дориев и Китановски имаат настапи за селекцијата.

Oд младата репрезентацијата прекомандуван во сениорската е и дефанзивецот Руфати, кој поради жолти картони нема да настапи на утрешниот натпревар на У-21 репрезентацијата против Израел.

Од составот отпаднаа Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски, а недостига и Ељиф Елмас кој беше позитивен на Ковид-19.

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија во Скопје се игра со почеток од 20:45 часот.

Comments are closed.