Турново се “распука” и со 6 гола декласираше Раклиш во Радовиш

Хоризонт Турново со убедлива победа ја отвори новата сезона од Третата лига – Исток. Турновци на Градскиот стадион во Радовиш со убедливи 1:6 го декласираа Раклиш.

Раклиш - Хоризонт Турново, 1коло ТМФЛ Истол 20-21

Наум Блажевски постигна четири гола за Турново, додека Васил Крстев два пати ја затресе противничката мрежа.

Во следното коло Турново ќе игра против Спартмани, а Раклиш ќе гостува во Струмица кај Тиверија.

Comments are closed.