Во недела се игра 1. коло од Третата лига – Исток. Тиверија во првото коло ќе патува во Чешиново, каде силите ќе ги одмери со Чешиново, Хоризонт Турново ќе гостува во Радовиш, каде ќе се соочи со Раклиш, Спартмани на домашен терен ќе игра со радовишки Детонит.
Василево ќе гостува во Лозово, каде ќе се сретне со Работник Џумајлија, Малеш на домашен терен во Берово ќе го пречека Овче Поле, додека Карбинци дома ќе се судри со Брегалница од Делчево.
Сите натпревари започнуваат во 15:00 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид – 19.
Comments are closed.