ЖФК Тиверија гостува кај ЖФК Плачковица

ЖФК Тиверија Струмица во недела во рамки на 9. коло од Првата женска фудбалска лига, ќе гостува во Радовиш, каде ќе се соочи со ЖФК Плачковица.

На овој натптевар струмичките фудбалерки влегуваат како апсолутни фаворити за победа, поради далеку подобрата екипа и квалитети.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло
Арсов Спире од Кочани ќе биде главен судија на натпреварот, а негови помошници ќе бидат Илиевска Снежана од Македонска Каменица и Јорданов Методи од Кочани. Контролор на натпреварот ќе биде Попов Сашко од Велес.

ЖФК Тиверија е петта на табелата со 17 бодови, додека ЖФК Плачковица е претпоследна без бодови. Натпреварот се игра со почеток од 11:30 часот, без присуство на публика.

Comments are closed.