Ракометната Суперлига на Македонија продолжува со играње на натпреварите, откако претходни беше запрена поради присуството на Ковид-19 во некои од клубовите.
На 12 и 13 октомври сите клубови во групата А ќе се тестираат на Ковид-19, додека на 14 октомври истата ќе продолжи со играње на натпреварите. Во однос на групата Б, откако ќе се направат тестовите и истите се негативни, натпреварите ќе продолжат на 22 октовмри.
Во групата А каде се натпреварува и струмичкиот суперлигаш Астраион, се одиграа само две кола, додека во група Б се играше и четвртото коло.
Астраион во рамки на 3. коло на домашен терен ќе се соочи со екипата на Струга.
Comments are closed.