Хоризонт Турново против Раклиш во првото коло од ТМФЛ – Исток

Хоризонт Турново во првото коло од новата сезона во Третата лига – Исток ќе се соочи со екипата на Раклиш на гостински терен во Радовиш. Турново повторно се враќа во Третата лига и доколку на оваа млада екипа и се укаже можност ќе атакува на првата позиција и влез во Втората лига. Раклиш е релативно млад клуб, кој што е формиран во 2015 година, минатата сезона за прв пат се натпреваруваше во Третата лига.
Во изјава за Струмица Сити, од Хоризонт Турново велат:

Хоризонт Турново - екипа 2020-21

“Со нетрпение го очекуваме почетокот на новата сезона. Како што кажавме имаме млада екипа и најбитно за нас е клубот да расте организациски. Ф. К. Хоризонт Турново ги има можеби и најдобрите услови за работа во државата, како со прва екипа така и со младинскиот погон. Опремени сме со природен и вештачки терен, кој им овозможува одлична припрема на нашите фудбалери, и кое би требало да биде пример за сите.”

Иако на гостински терен, Турново ќе важи за благ фаворит на овој натпревар.

Comments are closed.