ОФИЦИЈАЛНО: Третата лига – Исток стартува викендот

Новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток и официјално започнува викендот со натпреварите од првото коло.

Стартот на новата сезона беше одложен, а официјално истиот е закажан за викендот. Одложениот старт донесе и две нови екипи во Источниот регион од ТМФЛ, тоа се повратникот Работник Џумајлија, екипа која после неколку сезони повторно ќе се натпреварува во Третата лига и екипата на Василево која го продолжува натпреварувањето во Третата лига.
ФК Тиверија - ФК Овче Поле - во Свети Николе 5. коло Трета лига - Југоисток

Првото коло ќе донесе возбудливи натпревари, кои за жал поради Ковид-19 ќе се играат без присуство на публика.

Хоризонт Турново во првото коло ќе се соочи со екипата на Раклиш, натпревар кој ќе се игра во Радовиш, Тиверија ќе гостува во Чешиново, каде силите ќе ги одмери со екипата на Чешиново. Спартмани новата сезона ја стартува против амбициозниот Овче Поле од Свети Николе на домашен терен, неизвесен натпревар ќе има во Берово, каде ќе се сретнат домаќинот Малеш и радовишки Детонит. Повратникот Карбинци на домашен терен ќе има тешка задача со Брегалница од Делчево која најавува амбиции за влез во Втора лига, додека во Лозово силите ќе ги одмерат Работник Џумајлија и Василево.

Comments are closed.