Неизвесна сезона во ТМФЛ – Исток, кој ќе обезбеди пласман во Втора лига ?

Новата сезона од Третата лига – Исток, која стартува викендот ќе биде доста неизвесна и возбудлива, голема борба за првата позиција и пласман во Втората лига. Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во ТМФЛ – Исток. Неколку екипи имаат јасни амбиции, а тоа се првото место и влез во Втората лига.

Некогашниот прволигаш Хоризонт Турново со својата млада екипа најавува дека ќе атакува за првата позиција и влез во Втората лига, доколку се укаже таква можност.

Брегалница од Делчево најавува големи амбиции за Втора лига. Од клубот за Спортска Мрежа изјавија дека нивниот клуб финансиски е стабилен, а нивната цел е прво место и Втора лига. Овче Поле имаше амбиции за Втора лига уште минатата сезона, но поради прекинот на сезоната, пласман избори Слога од Виница. Третолигашот од Свети Николе и во новата сезона има амбиции за влез во Втората лига.

Одлична екипа во новата сезона ќе има и Тиверија од Струмица, како и Малеш од Берово. Бодови тешко ќе се освојуваат во Радовиш, од каде доаѓаат “незгодниот” Детонит и Раклиш. Во минатата сезона која се прекина поради Ковид – 19, одлично одигра Василево, како на домашен така и на гостински терен. Спартмани одигра лоша сезона, останува да видиме како ќе игра екипата од с. Градско Балдовци во новата сезона.

Новајлии во ТМФЛ – Исток се Работник Џумајлија, Карбинци и Чешиново.

Comments are closed.