Работнички и Академија Пандев ги поделија бодовите, откако попладнето во Скопје ремизираа без голови, во натпревар од 8. коло од ПМФЛ.
“Романтичарите” сега имаат 11 бодови и се наоѓаат на шесттото место на табелата, додека “пандевци” со седум бодови ја држат десеттата позиција на табелата.
Во следното деветто коло од ПМФЛ, Академија Пандев дома ќе игра со амбициозниот Шкупи, додека Работнички ќе има тешка задача во Кратово, каде ќе се соочи со Силекс.
Comments are closed.