Беласица до прв сезонски бод, ремизираше со Ренова во Струмица

Фудбалерите на Беласица го запишаа првиот сезонски бод, откако попладнево во Струмица на “Благој Истатов” ремизираа играјќи 1:1 со Ренова. Домаќините први дојдоа до водство со голот на Милушев во 29. минута од натпреварот. Водството на Беласица траеше до самиот финиш, кога во судисткото продолжение, односно во 95. минута од натпреварот “гипсарите” израмнија на 1:1.

Беласица - Ренова, 8. коло ПМФЛ

Беласица останува на дното од табела со еден освен бод, додека Ренова која е место погоре има 6 бодови. Во следното коло, Беласица ќе гостува во Струга, каде силите ќе ги одмери со Струга Трим Лум, додека Ренова дома ќе игра со Пелистер.

Comments are closed.