ЖФК Тиверија Струмица во недела на домашен терен ќе се соочи со екипата на ЖФК Деспина од Прилеп, во натпревар од 8. коло од Првата женска фудбалска лига.
Гостите од Прилеп се на лидерската позиција со 18 бодови, исто колку што има и шампионот Каменица Саса, која е втора. Екипата на Тиверија од Струмица, по 7. одиграни кола во ПЖФЛ, се наоѓа на четвртото местп со 17 бодови.
Натпреварот се игра на Општинско фудбалско игралиште во Струмица, со почеток од 15:00 часот.
Comments are closed.