Тефику Ндерим ќе ја дели правдата меѓу Беласица и Ренова

Беласица на домашен терен ќе ја пречека Ренова, во натпревар од 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Главен судија на овој меч кој се игра на „Благој Истатов“ ќе биде Тефику Ндерим од Куманово, додека негови помошници ќе бидат Петковски Мартин и Андевски Бојан од Куманово. Четврт судија на натпреварот ќе биде Ристовски Доне. Делегат на натпреварот ќе биде Леов Борис од Велес, додека контролор на натпреварот ќе биде Неделкоски Златко од Скопје.

Беласица - Пелистер, 6. коло ПМФЛ

Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот, без присуство на публика на стадионот. Натпреварот во живо ќе може да се следи на ТВ платформата на ФФМ – tv.ffm.mk.

Comments are closed.