Величков Боби главен судија на мечот меѓу Работнички и Академија Пандев

Академија Пандев во сабота ќе гостува во Скопје, каде на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, ќе ги одмери силите со Работнички, во натпревар од 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Величков Боби од Велес ќе биде главен судија на овој натпревар, додека негови помошници ќе бидат Ицев Тоше и Трпчевски Драган од Кавадарци. За четврт судија на натпреварот делигиран е Иванов Игор од Велес. Делегат на натпреварот ќе биде Османи Егзон од Тетово, додека контролор ќе биде Илиоски Петре од Прилеп.

Академија Пандев - Силекс - 5. коло ПМФЛ.png 2

Натпреварот ќе се игра со почеток од 15:00 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19. Натпреварот ќе може во живо да се проследи на ТВ платформата на ФФМ – tv.ffm.mk.

Comments are closed.