Академија Пандев: Благодарност до ФФМ и Општина Струмица за развојот на фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева (најнов тип, без полнење со вештачка гума) за ФК Академија Пандев.

„Благодарност до Фудбалска Репрезентација на Македонија што му оддава признание на искрените намери и огромниот влог што Горан Пандев го дава на македонскиот клубски и репрезентативен фудбал. Огромна благодарност и на Општина Струмица која го препозна и се вклучи како партнер за реализација на овој проект, се со цел развој на фудбалската инфраструктура во Струмица. Потпишаниот трипартитен договор помеѓу Академија Пандев, ФФМ и Општина Струмица значеше и почеток на изградбата на најмодерен терен со вештачка трева.
Академија Пандев продолжува со посветена работа во младите категории и нивен развој се до сениори, а со тоа секако придобивки има и македонскиот фудбал во чии репрезентации имаме преку 20 активни репрезентативци во сите категории и Академија Пандев со убедливо најмлад сениорски тим во ПМФЛ оваа сезона“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

20200928095457

Comments are closed.