Академија Пандев со победа над Силекс

Екипата на Академија Пандев ја запиша втората сезонска победа, откако во 7. коло од ПМФЛ со 1:0 славеше над кратовски Силекс во Струмица на „Благој Истатов“. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат од пенал во 90. минута од натпреварот, а успешен реализатор на истиот беше Кире Маркоски.

„Пандевци“ со победата над Силекс имаат 6 бодови, и се искачија на десеттото место на табелата, додека кратовци со 10 бодови паднаа на шесттата позиција на табелата. Во следното коло Академија Пандев му гостува на Работнички, додека Силекс кој е во резултатска криза гостува во Тетово кај Шкендија.

Академија Пандев - Силекс - 5. коло ПМФЛ

 

 

Comments are closed.