Третата лига – Исток стартува во првиот викенд од октомври

Новата сезона од Третата лига – Исток ќе стартува на 3 октоври. Лигата оваа година ќе број десет екипи, од кои две се нови, Чешиново и Карбинци.

Сезоната ќе биде возбудлива и интересна, бидејќи неколку клубови имаат амбиции за влез во Втората лига. Овче Поле останува со истите цел од минатата сезона, а тоа е Втора лига, Малеш од Берово интензивно се подготвува и прави екипа со која ќе го напаѓа првото место, а со цел за Втората лига е и Хоризонт Турново, екипа која по една година пауза повторно се враќа на фудбалските терени.

АРХИВА

АРХИВА

Во новата сезона две екипи од овој регион ќе се натпреваруваат во Третата лига – Југ, тоа се Младост од Удово и Дојранско Езеро од Дојран. Во ТМФЛ – Исток за оваа сезона ќе се натпреваруваат Хоризонт од Турново, Брегалница од Делчево, Чешиново од Чешиново – Облешево, Детонит од Радовиш, Карбинци од Карбинци, Малеш од Берово, Овче Поле од Свети Николе, Раклиш од с. Раклиш, Спартмани од с. Градско Балдовци и Тиверија од Струмица.

Првично ТМФЛ – Исток требаше да започне на 20 септември, но стартот во новата сезона беше одложен за првиот викенд од октомври. Во првото коло, Хоризонт Турново ќе гостува во Радовиш кај Раклиш, Малеш во Берово ќе го пречека Детонит, Чешиново сезоната ја стартува на домашен терен против Тиверија, Спартмани дома го чекаат Овче Поле, додека Карбинци на домашен терен ќе се соочи со Брегалница од Делчево.

Comments are closed.