ЖФК Тиверија ремизираше со ЖФК Речица

ЖФК Тиверија Струмица денес остана непоразена и покрај тоа што настапи без осум фудбалерки од првиот тим меѓу кои беа 5-те репрезентативки и дополнителни 3 кои беа позитивни на Ковид-19.
„Искрено се надевавме дека ќе се одложи натпреварот во Речица поради новонастанатата несакана ситуација со 10 (десет) позитивни од нашиот клуб, но Пропозициите на ФФМ не го дозволуваа тоа. Поради тоа ЖФК Тиверија Струмица мораше да го одигра овој натпревар без 8 (осум) првотимки и двајца членови на стручниот штаб. Во Речица настапивме со кадетско-младинска екипа со само 2 полнолетни девојки во составот. Како и да е нашите фудбалерки одиграа борбено и храбро и покрај тоа што некои од нив за прв пат настапија во првиот тим“, истакнаа од ЖФК Тиверија на нивната официјална фејсбук страница.
„Управата на ЖФК Тиверија Струмица упатува голема благодарност до сите наши млади фудбалерки кои играа денес кои ќе бидат наградени од управата на клубот, исто така упатуваме благодарност до родителите на девојките за безрезервната поддршка што ни ја даваат во овие тешки моменти за нашиот клуб. Благодарност и до тренерот Ѓорги Шопов кој денеска ја водеше нашата млада екипа. Приемот од домашната екипа како и секогаш беше на високо ниво, а играта фер и коректна“, додадоа од клубот.
ЖФК Речица - ЖФК Тиверија Струмица
Стрелец на двата гола за ЖФК Тиверија Струмица беше Слаѓана Ѓорѓиева.
За ЖФК Тиверија Струмица настапуваа: В. Панчурова (с), Е. Стојкова, В. Недева, Е. Цунева, Ј. Јованова, М. Бошевска, И. Василева, М. Головска, Е. Панеска, С. Ѓорѓиева, А. Михајлова
Во игра влезе: Г. Крстева

Comments are closed.