ОФИЦИЈАЛНО: Шефки Арифовски нов шеф на стручниот штаб на Беласица

Управата на прволигашот Беласица му ја довери функцијата шеф на стручен штаб на искусниот стратег Шефки Арифовски. Арифовски, кој досега беше член на стручниот штаб, има богата фудбалска кариера како играч, но и како тренер, каде бил член на стручниот штаб во Хоризонт Турново, Слога Југомагнат, Борча Белград, Селектор на младински селекции на Република Македонија, Кожуф, Академија Пандев и др.

„Му посакуваме успешна работа и среќа во остатокот од сезоната“, истакнаа од струмичкиот прволигаш на нивната официјална фејсбук страница.

Шефки Арифовски - Беласица - тренер

Comments are closed.