Ждрепката за осминафиналето во Купот ќе се одржи во вторник, напладне, во просториите на ФФМ. Осминафиналисти во Купот на Македонија се: Вардар, Кит-Го, Пелистер, Шкупи, Велешта, Беласица, Силекс, Каменица Саса, Гостивар, Работнички, Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум.
Ждрепката нема да биде диригирана и можни се и дуели на најдобрите прволигашки екипи меѓусебе.
Осминафиналето од Купот на Македонија ќе се игра на 21 октомври, додека четвртфиналето на 25 ноември. Полуфиналните пресметки се закажани за 7 април 2021, а финалето ќе биде одиграно на 19 мај 2021 година.
Comments are closed.