Беласица во недела ќе гостува во Скопје, каде на Теренот на Фудбалската Федерација на Македонија ќе ги одмери силите со актуелниот шампион Вардар, во натпревар од 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид, додека негови помошници ќе бидат Мацевски Ацо и Чакарески Лазе од Струга. За четврт судија на натпреварот одреден е Грујоски Александар од Кичево. Делегат на натпреварот ќе биде Беќири Прпарим од Струга, а контролот ќе биде Николовски Зоран од Скопје.
Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот, без присуство на публика, а натпреварот ќе може да се следи во живо на платформата на ФФМ – tv.ffm.mk.
Comments are closed.