Беласица му гостува на Вардар

Беласица во рамки на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе патува во Скопје, каде ќе се соочи со актуелниот првак Вардар. По лошиот старт во ПМФЛ, тренерот Ване Милков си поднесе оставка која од управата на струмичкиот прволигаш беше прифатена, а на денешниот натпревар од 1/16 финалето од Купот на Македонија, Беласица беше предводена од асистентот Александар Василев, каде што струмичките фудбалерите запишаа убедлива победа од високи 1:5 над второлигашот Росоман.

Беласица - Пелистер, 6. коло ПМФЛ

Вардар сезонава игра далеку полошо од претходната сезона. По 6. одиграни кола фудбалерите на Вардар се наоѓаат на деветтото мето на табелата со 7 освоени бодови, а во Купот одвај се спасија од елиминација од второлигашот Вардар Форино, откако беа изведени дури 18 пенали во пенал рулетот.

Натпреварот ќе биде доста интересен но и важен за двете екипи. Беласица ја запиша првата победа во новата сезона, иако не е во рамки на ПМФЛ, сепак е мотив фудбалерите да одигра одличен натпревар на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, од друга страна, Вардар ќе се да дојде до три бода и да фати ритам за некое од погорните места на табелата.

Comments are closed.