Академија Пандев на домашен терен против Силекс

Екипата на Академија Пандев викендот на домашен терен ќе се соочи со Силекс од Кратово, во натпревар од 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија - Академија Пандев, 6. коло ПМФЛ

Академија Пандев во новата сезона успеа да запише една победа и пет порази и со вкупно три освоени бодови се наоѓа на 11-тото место на табелата, од друга страна, кратовци имаа одличен старт во новата сезона, но, на последни два натпревари запишаа порази, па во Струмица ќе се обидат да ја поправат формата и да остварат победа.

Натпреварот ќе биде интересен и возбудлив, бидејќи три бодови се важни и за двете екипи. Академија Пандев да фаќа ритам за погорните места, а Силекс да го задржи ритамот за врвот на табелата.

Comments are closed.