Ване Милков си поднесе неотповиклива оставка во Беласица

По лошиот старт во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, каде Беласица запиша шест порази на шест натпревари, со само еден постигнат гол и 17 примени, се вклучи црвениот аларм за промени во струмичкиот прволигаш. Беласица преку соопштение на социјалните мрежи информираше дека шефот на стручниот штаб и прв тренер на екипата, Ване Милков си даде неотповиклива оставка по поразот од Пелистер, каде Беласица на домашен терен загуби со 0:2.

Ване Милков - прв тренинг Беласица за нова сезона

Од клубот информираат дека на утрешниот куп натпервар против второлигашот Росоман, екипата ќе биде предводена од асистентот Александар Василев. Милков останува во клубот со нова функција, тој во иднина ќе биде технички директор на Беласица.

Во наредниот период ќе биде претставен новиот предводник, кој ќе го замени Милков.

Comments are closed.