РФМ со одлука: Групата А од Суперлигата ставена во мирување 15 дена!

Ракометната федерација на Македонија донесе одлука, Групата А од Суперлигата да биде ставена во мирување 15 дена, поради големиот број на заразени членови од Ковид-19 во редовите на Голден Арт КЛ-7. Во оваа екипа има вкупно 16 ракометари и членови на стручниот штаб кои се позитивни на Ковид-19, додека во РК Радовиш, има двајца ракометари позитивни на Ковид-19. Овие две екипи, во понеделникот одиграа првенствен натпревар во спортската сала во Радовиш, каде радовишани запишаа победа.

ОДЛУКА РФМ за КОВИД-19

Тоа значи дека сите натпревари од третото коло кои требаше да се играт денес се одложуваат, а исто така ќе бидат одложени и натпреварите од четвртото коло, кои беа најавени за одигрување во понеделникот.

Астраион требаше денес во „Парк“ во Струмица да ја пречека Струга, во рамките на 3. коло, додека во понеделникот требаше да гостува во Скопје, кај екипата на Јуниор Кисела Вода.

Натпреварите од 3. коло од Групата Б од Суперлигата ќе се одиграа денес, додека натпреварите од 4. коло ќе се играат во понеделник, односно Групата Б продолжува со играње без никакво мирување, бидејќи во овие екипи нема позитивни на Ковид-19.

Comments are closed.