Качевски Јован ќе ја дели правдата на мечот меѓу Шкендија и Академија Пандев

Академија Пандев во недела ќе гостува во Тетово, каде во рамките на 6. коло од ПМФЛ ќе се соочи со лидерот на табелата, Шкендија. Главен судија на овој меч ќе биде Качевски Јован од Струга, додека негови помошници ќе бидат Мацевски Ацо и Бакрачески Разме од Струга. Четврт судија на натпреварот ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид. За делегат на натпреварот одреден е Пластиновски Роберт од Ресен, додека контролор ќе биде Јакимовски Делчо од Скопје.

Борец - Академија Пандев, 5. коло

Натпреварот се игра на Градски стадион во Тетово со почеток од 15:30 часот, без присуство на публика.

Comments are closed.