Величков Боби главен судија на натпреварот меѓу Беласица и Пелистер

Беласица во недела на „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека битолски Пелистер, во натпревар од 6. коло од ПМФЛ. Главен судија на овој натпревар ќе биде Величков Боби од Велес, додека негови помошници ќе бидат Новачев Петар, исто така од Велес и Џонов Кристијан од Штип. Четврт судија на натпреварот ќе биде Иванов Игор од Велес. За делегат на натпреварот одреден е Зеќировиќ Адмир од Скопје, додека за контролор одреден е Мировски Ацо, исто така од Скопје.

АРХИВА

АРХИВА

Натпреварот се игра без присуство на публика, поради пандемијата со Ковид-19, со почеток од 15:30 часот.

Comments are closed.