Академија Пандев против Шкендија во Тетово

Академија Пандев во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), ќе се соочи со екипата на Шкендија во Тетово. „Пандевци“ останаа без тренер, откако Александар Таневски си поднесе оставка по поразот од Борец во Велес поради лошите игри, односно на 5 одиграни натпревари забележаа една победа и четири порази. Шкендија игра во одлична форма во новата сезона и по пет одиграни кола во ПМФЛ, тетовци се наоѓаат на лидерската позиција на табелата со 11 освоени бодови, еден повеќе од второпласираниот кратовски Силекс.

Академија Пандев - Струга Трум Лум - 4. коло

Comments are closed.