Астраион загуби на гостувањето кај Тинекс Пролет

Струмички Астраион загуби на гостувањето во Скопје кај екипата на Тинекс Пролет со резултат 32:24, во натпревар од 2. коло од Суперлигата на Македонија. Пролет беше апсолутен фаворит за победа, и оваа улога на фаворит ја оправда со убедлива победа.

Тинекс Пролет - Астраион, 2. коло

Палевски Давор со девет погодоци беше најдобар стрелец кај домаќините, додека кај гостите најдобар беше Караиванов Митко со осум погодоци.

Во следното коло Астраион на домашен терен ќе ја пречека Струга, додека Пролет ќе гостува кај Голдер АРТ КЛ-7.

 

Comments are closed.

Web