Академија Пандев загуби во Велес од Борец

Екипата на Академија Пандев загуби на гостувањето во Велес од Борец со 2:0, во натпревар од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Борец ја запиша втората сезонска победа и со вкупно 8 бодови се искачи на петтата позиција на табелата, додека Академија Пандев со три освоени бодови се наоѓа на 11-тото место на табелата.

Борец - Академија Пандев, 5. коло

По поразот во Велес, шефот на стручниот штаб на Академија Пандев, Александар Таневски си поднесе оставка, а управата на клубот истата ја прифати. Во следното коло Академија Пандев ќе гостува во Тетово каде ќе се соочи со Шкендија, додека Борец му гостува на Силекс во Кратово.

По пет одиграни кола, тетовска Шкендија е лидер на табелата со 11 освоени бодови, последнопласирана екипа е Беласица со нула бодови.

Comments are closed.