ЖФК Тиверија со убедлива победа над шампионот ЖФК Каменица Саса

Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица запишаа убедлива победа од 3:0 над актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса, во натпревар од 6. коло од Првата женска фудбалска лига. Големи три бода за Тиверијанките на вчерашното дерби, кое ги искачи на првото место на табелата со 16 бодови. Димоска, Велкова С, Николовска беа стрелци на трите погодоци за екипата од Струмица.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Каменица Саса, 7.коло

Колото ќе биде комплетирано денес, во случај на победа на ЖФК Деспина, тогаш ЖФК Тиверија ќе биде втора на табелата. Во следното коло ЖФК Тиверија ќе гостува кај ЖФК Речица, додека ЖФК Каменица Саса на домашен терен ќе игра дерби со екипата на ЖФК Деспина од Прилеп.

Comments are closed.

Web