Беласица загуби во Струмица од Шкендија

Екипата на Беласица го запиша петтиот сезонски пораз во 5. коло од ПМФЛ, откако во Струмица на „Благој Истатов“, со 0:3 загуби од Шкендија. Струмичкиот прволигаш има лош почеток на новата сезона во Првата лига, по пет одиграни кола се уште нема освоени бодови, постигна само еден погодок а прими дури 15.

АРХИВА

АРХИВА

Шкендија со убедливата победа во Струмица го превзема врвот на табелата со 11 бодови, откако Силекс загуби вчера со 2:0 во Струга. Колото ќе биде комплетирано денес, а со евентуална победа на Шкупи против Вардар, тогаш екипата од Чаир ќе се искачи за лидерската позиција со два бода повеќе од Шкендија, која тогаш би била второпласирана.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, додека Шкендија на домашен терен во Тетово ќе ги одмери силите со Академија Пандев од Струмица.

Comments are closed.