Академија Пандев денес гостува во Велес кај Борец

Академија Пандев денес ќе гостува во Велес, каде во натпревар од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се соочи со екипата на Борец. Бодови од овој натпревар ќе бидат важни и за двете екипи, со цел повисок пласман на табелата. Неизвесен дуел кој ќе понуди вистинско фудбалско уживање, кое за жал ќе мора да се гледа само на ТВ платформата на ФФМ, бидејќи поради пандемијата со Ковид-19 стадионот ќе остане празен за гледачи.

Академија Пандев - Струга Трум Лум - 4. коло

Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот, а покрај овој дуел ќе играат и натпреварите меѓу Пелистер и Македонија ЃП во Битола, Ренова дома игра со Работнички, додека Шкупи му гостува на Вардар, натпревар во кој доколку екипата од Чаир победи, ќе биде нов лидер на табелата во ПМФЛ, а истиот ќе може да се следи во живо на МРТ1.

Comments are closed.