Познати судиите за мечот меѓу Тинекс Пролет и Астраион

РК Астраион во понедленик ќе гостува во Скопје, каде ќе се соочи со екипата на Тинекс Пролет, во рамки на 2. коло од Суперлигата на Македонија. Судии на овој натпревар кој се игра во спортската сала „Македонско Сонце“ ќе бидат Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје, додека Цано Куртовиќ, исто така од Скопје ќе биде делегат на натпреварот.

РК Астраион - РК Радовиш 1. коло

Овој натпревар се игра со почеток од 19:30 часот, а истиот ќе може да се следи во живо на официјалната страница на РФМ.

Comments are closed.