Астраион го среди Радовиш, Караиванов со 15 гола најдобар стрелец

Новиот суперлигаш струмички Астраион со победа од 34:33 над Радовиш ја започна новата сезона од Суперлигата на Македонија. Одличен старт за струмичките ракометари, и најава дека Астраион ќе се бори за место кое води кон плеј-офот. Во првиот дел од натпреварот резултатот беше израмнет, односно се играше гол за гол, па на паузата домаќините имаа предност од еден гол односно 14:13. Во вториот дел од натпреварот струмичани одлепија на 18:15, за потоа Радовиш да израмни на 23:23, а во еден момент поведе на 28:29. Домаќините ја превзедоа играта во свои раце и направија серија од четири кола, за да направат пресврт на 32:29, а до крајот на натпреварот радовишани немаа сила за да го вратат резултатот во своја полна, па конечниот резултат беше 34:33 за струмички Астраион.

РК Астраион - РК Радовиш 1. коло - 3

Најдобар стрелец во редовите на Астраион беше Митко Караиванов со 15 погодоци, додека кај Радовиш очекувано велешанецот Ивица Илиев со девет погодоци.

Во следното коло Астраион ќе има тешко гостување кај Тинес Пролет, натпревар кој ќе се игра во салата „Македонско Сонце“ во Скопје, со почеток од 19:30 часот, додека Радовиш во „СРЦ 25 Мај“ со почеток од 19:00 часот ќе ја пречека новајлијата Голден Арт-КЛ7.

Comments are closed.