Астраион во понеделник гостува во Скопје кај Тинекс Пролет

Екипата на Астраион во понеделник во рамки на 2. коло од Суперлигата на Македонија, ќе гостува во Скопје, каде во спортската сала „Македонско Сонце“ ќе се соочи со Тинекс Пролет, екипа која важи за фаворит за првите две места од групата, заедно со Охрид.

РК Астраион - РК Радовиш 1. коло - 4

Во првото коло Астраион запиша победа над РК Радовиш на домашен терен со 34:33, додека Пролет беше убедлив на гости кај Јуниор Кисела Вода со 20:26.

Натпреварот ќе се игра со почеток од 19:00 часот, и истиот ќе може да се следи во живо на официјалната веб страница на РФМ.

Comments are closed.